1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Вклучување на граѓаните и граѓанските организации во Законодавната постапка во Собрание

sobranietВо согласност со Уставот на Република Македонија иницијативата за донесување на закон до овластените предлагачи, може да ја даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија, меѓутоа, овластени предлагачи на законите се:  Владата,  секој пратеник во Собранието, и најмалку 10.000 избирачи. Законодавната постапка во Собрание се одвива во три фази (читања). Повеќе информации  за законодавната постапка може да дознаете од „Прирачник за учество на јавноста во процесот на донесување закони“ и од шематскиот приказ.

Засегнатите граѓански организации може да ги искажат своите ставови и мислења особено во второто читање кога се врши разгледување на предлогот на законите во работните тела, и тоа преку подготовка на предлог-амандмани коишто може да ги достават до пратениците во Собранието, кои се официјални предлагачи на амандмани, како и да бараат учество на седници на матичното работно тело и на Законодавно-правната комисија.

Граѓанските организации и граѓаните не треба да се ограничуваат само на начините за вклучување во процесот на донесување на одлуките пропишани според Деловникот. Своите ставови и прашања во врска со одделни проблеми, можат да ги адресираат и до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, во чијшто делокруг на работа спаѓа и разгледувањето на дописите на граѓаните и заземањето ставови по истите.

Заклучоци од последен квартален извештај

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
Prev Next

Заклучок 1. Неажурирањето на податоците на ЕНЕР и недостапноста на записниците од седниците на Владата  го отежнуваат консултативниот процес.

Прочитај повеќе

Заклучок 2. Недоволно почитување на минималниот рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР.

Прочитај повеќе

Заклучок 3. Консултации во периодот на спроведување на ПВР речиси и да нема.

Прочитај повеќе

Заклучок 4. Министерствата ги поставуваат текстовите на нацрт-закони во најголем број од случаите

Прочитај повеќе

Заклучок 5. Известување за почеток на подготовка на закон често се поставува само формално.

Прочитај повеќе

Заклучок 6. Недоволно користење на ЕНЕР како алатка за учество во процесите на подготовка на закони од страна на јавноста.

Прочитај повеќе

Заклучок 7. Министерствата ретко даваат повратни одговори.

Прочитај повеќе

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Joomla Extensions powered by Joobi

This web site is made possible by the generous support of the American people through the United States Agency for International Development (USAID). The contents are the sole responsibility of the Macedonian Center for International Cooperation and do not necessarily reflect the views of USAID or the United States Government.

Horizontal RGB 600mcms-logo-text