1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Модели за учество во донесување на регулативата во Македонија

metodiВо практиката постојат повеќе модели кои ги користат органите на државната управа и граѓанските организации, со цел да го овозможат и поттикнат учеството на засегнатите страни во процесите на донесување на регулативата (закони, подзаконски акти итн). Моделите преку кои се вклучува јавноста и граѓанските организации во процесот на донесување закони треба да се користат паралелно. Користењето на еден модел не треба да ја исклучи можноста да се користат и други модели во самиот процес.

Моделите треба да се користат онолку пати колку е корисно и потребно во процесот зависно од видот на законот кој се подготвува. Овие модели треба да се користат пред да се поднесе предлогот на закон до Владата.

Најдоминантни четири модели кои се сретнуваат во консултациите со засегнатите страни во Македонија се следните и се организираат со цел: 

  • Објавување на веб-страници на министерствата: да се информираат што повеќе засегнати страни за текстот на законот што се подготвува, и да се овозможи на поголем број заинтересирани лица да коментираат на самиот текст.
  • Објавување на централизирани веб-страници: Овој модел министерствата, јавноста и граѓанските организации може да го користат постојано доколку служи како алатка да се разменуваат мислења и информации. Органите на државната управа се поттикнуваат да ги објавуваат известувањата дека е започнат процес на подготовка на една регулатива или, пак, процес на консултации, паралелно со објавување на информациите на нивните веб-страниците.
  • Јавни дискусии: Овој модел се користи во фаза на: подготвување на политиката или анализите кои ќе бидат основа за донесување на регулатива; подготвување на работната верзија на регулативата. Овој модел се користи, со цел да се приберат мислења за одреден предлог-документ или планирана активност. Но јавните дискусии помагаат и да се осознае мислењето на присутните, да се изгради компромис или да се дадат правци околу тоа како треба да се реши едно одредено прашање. Исто така, јавни дискусии може да се организираат со посебни целни групи и паралелно со повеќе заинтересирани организации и лица.
  • Работни групи: се модел кој овозможува поактивно учество на организациите или други засегнати лица во процесот на подготвување на една регулатива. Тој се користи, со цел да се даде можност лицата кои се најзасегнати во процесот, преку свои претставници, директно да учествуваат и влијаат во содржината на предлог-регулативата.

Вклучување на граѓаните и граѓанските организации во Законодавната постапка во Собрание

sobranietВо согласност со Уставот на Република Македонија иницијативата за донесување на закон до овластените предлагачи, може да ја даде секој граѓанин, група граѓани, институции и здруженија, меѓутоа, овластени предлагачи на законите се:  Владата,  секој пратеник во Собранието, и најмалку 10.000 избирачи. Законодавната постапка во Собрание се одвива во три фази (читања). Повеќе информации  за законодавната постапка може да дознаете од „Прирачник за учество на јавноста во процесот на донесување закони“ и од шематскиот приказ.

Засегнатите граѓански организации може да ги искажат своите ставови и мислења особено во второто читање кога се врши разгледување на предлогот на законите во работните тела, и тоа преку подготовка на предлог-амандмани коишто може да ги достават до пратениците во Собранието, кои се официјални предлагачи на амандмани, како и да бараат учество на седници на матичното работно тело и на Законодавно-правната комисија.

Граѓанските организации и граѓаните не треба да се ограничуваат само на начините за вклучување во процесот на донесување на одлуките пропишани според Деловникот. Своите ставови и прашања во врска со одделни проблеми, можат да ги адресираат и до Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, во чијшто делокруг на работа спаѓа и разгледувањето на дописите на граѓаните и заземањето ставови по истите.

Методологија за проценка на влијанието на регулативата

Методологијата има за цел да го дефинира процесот на проценка на влијанието на регулативата во постапката за донесување на закони во Р.Македонија.
Придобивки од воведувањето проценка на влијанито на регулативата во министерствата и Владата на Р.Македонија:

  1. комплетност и длабочина на анализа за реалните влијанија;
  2. транспарентност и консултации како „интерно“ (помеѓу министерствата), така и „екстерно“ со останатите засегнати страни.

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ
Методологија дефинира обврска за вклучување на засегнатите страни од самиот почеток на процесот на изготвување на закони, односно од донесувањето на Годишната програма за работа на Владата на Р.М.

Техники на учество на засегнатите страни во процесите на донесување закони опфаќаат електронски консултации (информирање, прибирање мислења и сугестии) како и фокусирани трибини, јавни расправи и работилници.

Сите информации релевантни за процесот на донесување на закони како и предлог законите потребно е да бидат достапни на интернет преку Единствениот електронски регистар на прописи.

Можните учества на засегнатите страни и граѓанските организации во процесот на креирање на закони со РИА можете да ги погледнете на следниот шематски приказ.

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Навигација

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc