1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Граѓаните имаат право да учествуваат во процесот на донесување одлуки на Владата и да заземат активна улога како дел од граѓанското општество. Ова наложува потреба од поопсежен и поширок концепт за граѓански ангажман во процесот на подготовка и спроведување на политиките. Во Република Македонија постојат неколку документи кои се основа за вклучување на јавноста во процесот на донесување закони почнувајќи од Уставот на Република Македонија, преку неколку закони, подзаконски акти и методологии. Сепак, поголемиот дел од политиките и законите се креирани без суштинска вклученост на јавноста. Исто така, постоечката пракса за вклучување на јавноста не обезбедува ефикасно учество во процесот на донесување одлуки.

Општата цел на проектот е придонес кон зголемено влијание на граѓанските организации во креирањето и следењето на политиките.

Цел на проектот е зголемена соработка на граѓанските организации со државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони.

Очекуван резултат од проектот е имплементиран систем за следење на вклученоста на граѓанското општество во процесите на подготовка на закони.

Резултатот ќе се постигне преку следните активности:

  1. Методологија за проценка на отвореноста на владините институции.
  2. Следење на учеството на јавноста во креирање политики.
  3. Анализа на проценка на учество на јавноста во креирањето на политики и постапка за подготовка на закони.
  4. Веб страница „Огледало на Владата“

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc