Во рамки на проектот „Огледало на Владата“ подготвена е веб страницата www.ogledalonavladata.mk каде можете да ги најдете сите информации за активно вклучување во подготовка на прописи.
Во делот Коментирај предлог прописи вклучете се и дадете мислење за актуелните отворени предлог закони. Ќе ги најдете на едно место сите отворени предлог прописи со директни линкови до истите заради олеснување на партиципативниот процес и поголема пристапност на граѓанските организации и граѓаните во остварувањето на правото на вклученост во креирање на легислатива.