1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

analiza-ogledalo-na-vladata-2014Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), го промовираше извештајот Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони. Оваа анализа се состои од два дела. Во првиот дел е оценета отвореноста на органите на државна управа во комуникацијата со јавноста, во поддршката на граѓанските организации и во отвореноста при подготовка на конкретни предлог закони. Резултатите од следењето на минимумот стандарди и запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се предмет на анализа во вториот дел.

Извештајот констатира отсуство и опаѓање на проактивноста на органите на државна управа за комуникација со јавноста. Просечната оцена на комуникациската средина на институциите и степенот на отвореност е оценет со просечна оцена 3,19, која претставува намалување споредено со оцената во 2012 од 3,47.  Поддржувачката околина за учество на јавноста во подготовката на законите е незначително подобрена и таа сега е оцената со просечна оцена 3. за разлика од 2012 кога е оценета со 2,65. Позитивно е зголемувањето на вклученоста на граѓанскиот сектор при следење и оцена на спроведување на предлог-закони што се должи на поголемиот број министерства кои одговориле дека вклучуваат претставници на ГО во следење и оцена на спроведувањето на законите.

Uchestvo na javnosta vo procesite na podgotovka na zakoni 1

Што се однесува до процесите на подготовка на предлог-закони, забележано е минимално подобрување. Вкупната просечна оцена изнесува 3,1 во споредба со 2,6 во 2012 г. Забележано е и подобрување во начинот на споделување на информацијата за процесот на подготовка на предлог-законот. Комплетноста на содржината за информација на процесот на подготовка на предлог-законот е на слично ниво споредбено со 2012. Праксата на непрепознавање на експертизата на граѓанскиот сектор за подготовка на стручни текстови продолжува, а забележано е подобрување на почитувањето на временската рамка за консултации, иако главно станува збор за предлог-закони достапни по меѓусекторско усогласување. Вклучувањето на јавноста во текот на спроведувањето на консултации за конкретно избраните предлог-закони кои се следеле, бележи подобрување. Постапката од оцена 2 во 2012 г., оценета е со 3,2 во 2013/14. Повратниот одговор од министерството на предлозите и коментарите од граѓанскиот сектор станува почеста практика.

Министерството за труд и социјална политика е најдобро оценето, a оценка 4 добиле и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за култура.

Uchestvo na javnosta vo procesite na podgotovka na zakoni 2
Во периодот на следење (1 октомври 2014 г. до 30 септември 2014) на ЕНЕР беа објавени вкупно 201 предлог-закон. Анализата констатира дека Министерствата не објавуваат голем дел од предлог-законите на ЕНЕР. Во периодот на известување има вкупно 381 закон кои влегле во собраниска постапка, а 201 биле објавени. Покрај тоа, следењето на консултативниот процес е отежнато со неажурирањето на податоците на ЕНЕР и недостапноста на записниците од седниците на Владата. Минималниот рок за консултации е половично почитуван, а министерствата најчесто ги објавуваат комплетните документи за консултации. Од друга страна, интересот на јавноста за коментирање на ЕНЕР е мал. Во периодот на следење се поставени само 28 коментари за 15 од вкупно 201 објавени предлог-закон. Министерствата во две третини од случаите не даваат повратен одговор на коментарите. Во истиот период министерствата дале само девет повратни одговори на вкупно 28 поставени коментари (32%).

Анализата е подготвена во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција. Проектот „Огледало на Владата“ за прв пат беше спроведен во 2012 година од страна на МЦМС.

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Навигација

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc