1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

Веб страницата „Огледало на Владата“ ги информира засегнатите страни во делот Документи

Министерствата имаат обврска своите предлог прописи да ги објават на ЕНЕР и на својата веб страница како отворени за коментирање во временски период од најмалку 10 (десет) дена според Деловникот за работа на Владата на РМ (Службен весник на РМ бр. 36/08), член 71 и 30 (триесет) дена според Упатство за начинот на постапување во работата на министерствата за вклучување на засегнатите страни во постапката за изготвување закони (Службен весник на РМ бр. 150/11), Член 5.

Веб страницата Огледало на Владата (http://www.ogledalonavladata.mk/) во делот Документи овозможува инфомирање за:

  • Прописи - постоечките прописи во Македонија кои го уредуваат процесот на консултирање на сите засегнати страни при креирање политики;
  • Публикации - издадени со цел поддршка за граѓанските организации и зајакнување на нивниот капацитет за јавно учество во подготвка на закони;
  • Циклус на креирање политики - Стратешко планирање на Владата на РМ; Фази на подготовка на јавни политики; Подготовка на закони со РИА и Законодавна постапка во Собрание.

Подготвена веб страницата „Огледало на Владата“

Во рамки на проектот „Огледало на Владата“ подготвена е веб страницата www.ogledalonavladata.mk каде можете да ги најдете сите информации за активно вклучување во подготовка на прописи.

Во делот Коментирај предлог прописи вклучете се и дадете мислење за актуелните отворени предлог закони. Ќе ги најдете на едно место сите отворени предлог прописи со директни линкови до истите заради олеснување на партиципативниот процес и поголема пристапност на граѓанските организации и граѓаните во остварувањето на правото на вклученост во креирање на легислатива.

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Навигација

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc