Фази за подготовка на политиките и законите
- Детали
- Објавено: Вторник, 25 Септември 2012 10:18
Фазите за подготовка на политиките и законите подетално се пропишани во две методологии усвоени од Владата на Република Македонија, Методологијата за анализа на политиките и координацијата и Методологијата за процена на влијанието на регулативата
Според Методологијата за анализа на политиките и координацијата можноста за вклученост на граѓанските организации особено е нагласена во фазата на подготовка на предлози за политики и предлози за инструменти на политики од органите на државната управа како и во фазата на следење на спроведувањето на политиките.
Методологијата за процена на влијанието на регулативата носи повеќе придобивки, а пред се ја дефинира обврска за вклучување на засегнатите страни од самиот почеток на процесот на изготвување на законите, односно од донесување на Годишната програма за работа на Владата на Република Македонија.
Фазите на подготовка на политиките и законите детално проучете ги во прирачникот.