1.0
ИНФОРМИРАЈ СЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОНИ
Основни информации за процесот и роковите за проценка на влијанието на регулативата (ПВР)

Прочитај повеќе
2.0
КОМЕНТИРАЈ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ НА ЕНЕР
Линкови до предлог-закони објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)

Прочитај повеќе
3.0
КОЛКУ СЕ ПОЧИТУВААТ РОКОВИТЕ ЗА КОНСУЛТАЦИИ?
Преглед по министерства за почитување и отстапки од минимален рок од 10 дена за консултации на предлог-закони на ЕНЕР
Прочитај повеќе

metodiВо практиката постојат повеќе модели кои ги користат органите на државната управа и граѓанските организации, со цел да го овозможат и поттикнат учеството на засегнатите страни во процесите на донесување на регулативата (закони, подзаконски акти итн). Моделите преку кои се вклучува јавноста и граѓанските организации во процесот на донесување закони треба да се користат паралелно. Користењето на еден модел не треба да ја исклучи можноста да се користат и други модели во самиот процес.

Моделите треба да се користат онолку пати колку е корисно и потребно во процесот зависно од видот на законот кој се подготвува. Овие модели треба да се користат пред да се поднесе предлогот на закон до Владата.

Најдоминантни четири модели кои се сретнуваат во консултациите со засегнатите страни во Македонија се следните и се организираат со цел: 

  • Објавување на веб-страници на министерствата: да се информираат што повеќе засегнати страни за текстот на законот што се подготвува, и да се овозможи на поголем број заинтересирани лица да коментираат на самиот текст.
  • Објавување на централизирани веб-страници: Овој модел министерствата, јавноста и граѓанските организации може да го користат постојано доколку служи како алатка да се разменуваат мислења и информации. Органите на државната управа се поттикнуваат да ги објавуваат известувањата дека е започнат процес на подготовка на една регулатива или, пак, процес на консултации, паралелно со објавување на информациите на нивните веб-страниците.
  • Јавни дискусии: Овој модел се користи во фаза на: подготвување на политиката или анализите кои ќе бидат основа за донесување на регулатива; подготвување на работната верзија на регулативата. Овој модел се користи, со цел да се приберат мислења за одреден предлог-документ или планирана активност. Но јавните дискусии помагаат и да се осознае мислењето на присутните, да се изгради компромис или да се дадат правци околу тоа како треба да се реши едно одредено прашање. Исто така, јавни дискусии може да се организираат со посебни целни групи и паралелно со повеќе заинтересирани организации и лица.
  • Работни групи: се модел кој овозможува поактивно учество на организациите или други засегнати лица во процесот на подготвување на една регулатива. Тој се користи, со цел да се даде можност лицата кои се најзасегнати во процесот, преку свои претставници, директно да учествуваат и влијаат во содржината на предлог-регулативата.

Регистрирај се за добивање информации

Регистрирај се и добивај преку е-пошта редовни неделни и месечни прегледи на објавени предлог-закони на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk), како дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони.

Навигација

Оваа активност се спроведува во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од МЦМС, Скопје во партнерство со АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на активноста е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Оваа активност е продолжување на проектот Огледало на Владата, отпочнат во 2012 г., со поддршка на ЕУ(ЕИДХР) и УСАИД.

mcms-logo-textgrc