Методологијата има за цел да го дефинира процесот на проценка на влијанието на регулативата во постапката за донесување на закони во Р.Македонија.
Придобивки од воведувањето проценка на влијанито на регулативата во министерствата и Владата на Р.Македонија:
- комплетност и длабочина на анализа за реалните влијанија;
- транспарентност и консултации како „интерно“ (помеѓу министерствата), така и „екстерно“ со останатите засегнати страни.
ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ
Методологија дефинира обврска за вклучување на засегнатите страни од самиот почеток на процесот на изготвување на закони, односно од донесувањето на Годишната програма за работа на Владата на Р.М.
Техники на учество на засегнатите страни во процесите на донесување закони опфаќаат електронски консултации (информирање, прибирање мислења и сугестии) како и фокусирани трибини, јавни расправи и работилници.
Сите информации релевантни за процесот на донесување на закони како и предлог законите потребно е да бидат достапни на интернет преку Единствениот електронски регистар на прописи.
Можните учества на засегнатите страни и граѓанските организации во процесот на креирање на закони со РИА можете да ги погледнете на следниот шематски приказ.